МЗТ Скопје освои нов трофеј во Купот на Македонија триумфирајќи над Куманово во големото финале одирано пред полна сала.
Одличната атмосфера го отслика викендот посветен на македонската кошарка во салата на Куманово. Но, и со немили сцени на трибините за кои сведочи центарот на аеродромци Чарлс Гил.
Американецот се огласи на социјалните мрежи каде го пренесе своето разочарување од публиката која раситички го навредувала.
„Навивачите навистина мора да оладат со расизмот на овие прекуокеански натпревари. Освојувањето на Купот е убаво, ама не знам колку пати бев наречен црнец, мајмун или некои други растистички пароли. Да ве потсетам дека е 2026 година. Интересно е дека кога ќе притиснеш некој од навивачите, само се повлекува. Треба да си стоите зад зборовите.
И да не заборавам, цел натпревар не плукаа на теренот. Сето тоа за кошаркарски натпревар е лудо“, напиша Гил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

