Нигерискиот центар Чарлс Беси, веројатно нема да му се придружи на белградски Партизан ова лето.
Беси, кој во својата НБА кариера играше за Филаделфија и Сан Антонио Спарс, беше поврзуван со белградски Партизан ова лето, а неговиот агент потврди дека двете страни се во преговори, но многу работи се променија од тогаш.
Беси прво играше за Бостон Селтикс во Летната лига и, според американските медиуми, го стави својот трансфер во Партизан „на чекање“, а потоа во приказната се вклучи и Макаби. Па, Чарлс Беси сега се оддалечува од Партизан, а црно-белите имаат минимални шанси да се договорат за неговото доаѓање.
Беси го смени својот агент и дополнително ги зголеми финансиските барања, што на челниците на белградскиот клуб не им се допадна и се насочуваат кон нови трансфер-цели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

