По Вимблдон, Австралија Опен и УС опен, кров на централниот терен од годинава ќе има и Ролан Гарос. Организаторите се одлучија да вметнат кров на „Филип Шатрие“ како би можело најважните натпревари да можат да се играат и во денови во кои ќе врне дожд во Париз.
Кровот на кој му треба 15 минути целосно да се затвори, се состои од 11 поединечни решетки, а секоја од нив е тешка 330 тони. Осум месеци траеше изградбата, а поединечни компоненти беа изработувани во работилница во близината на Венеција во текот на последните две години.
?Philippe-Chatrier court’s roof is ready ! How does it work ? #RolandGarros pic.twitter.com/Mgybr7s1yw
— Roland-Garros (@rolandgarros) February 5, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

