Македонија игра феноменално полувреме и заслужено води со 16-10 против Чешка, а најубавиот потег на мечот дефинитивно беше оној во 30. минута, кога Лазаров фрли цепелин за Манасков, овој му ја врати топката на капитенот, кој во лет ја смести во мрежата на Чесите.
„Летечките Македонци“ воодушевуваа со слични погодоци и на последните големи натпреварувања, а оваа атракција беше само уште еден доказ за класата на нашиот национален тим, особено кога игра пред преполните трибини на ВИП Арена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА