Кире Лазаров одигра извонреден натпревар постигнувајќи девет гола против Трембле, а македонскиот ас воедно се најде и во изборот за најубави погодоци во францускиот шампионат.
Извонредниот цепелин што македонскиот ас го реализираше во првото полувреме беше избран за втор најдобар гол во изминатото коло од силната лига.
Тимот на Лазаров по првите пет кола од шампионатот има скор од четири победи и едно реми и се наоѓа на второто место на табелата, зад шампионот ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА