На два дена пред почетокот на фајналфор турнирот во Будимпешта, ЕХФ објави видео со најубавите 15 погодоци постигнати во Лигата на шампиони во женска конкуренција. Во ова одбрано друштво има и еден претставник на Вардар, Драгана Цвијиќ со голот постигнат од „цепелин“ на додавање на Јованка Радичевиќ на натпреварот против Турингер.
Погледнете ги овие ракометни мајстории, како увертира за битката за ракометниот трон што Вардар, Ростов, Ѓер и ЧСМ Букурешт ќе ја водат претстојниот викенд во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

