Против поранешниот светски и европски шампион, Цеск Фабрегас е започната судска постапка поради неисплатени долгови за наем на стан, откриваат италијанските медиуми.
Станува збор за долг од 36 илјади евра поради кои Шпанецот може да остне без кров над главата.
Фабрегас е тренер на Комо, но не живее во Италија, туку во Швајцарија, на 25 километри оддалеченост од градот на својот клуб. Тој изнајмува стан, но долговите ја преминале границата па сопставеникот се одлучил на судска постапка. Рочиштето е закажано за следната седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА