Цеск Фабрегас потпишува за италијански второлигаш

Легендарниот шпански фудбалер Цеск Фабрегас кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот второлигаш Комо, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. 35-годишникот ќе потпише двогодишен договор со кој ќе ја потврди верноста до 2024 година.

Фабрегас блескавата карира ја започна во Арсенал, а добрите настапи за „топџиите“ му донесоа трансфер во Барселона. Во 2014 година се врати на „Островот“, но во дресот на Челси, а по пет години на „Стемфорд Бриџ“ замина во Монако.

Шпанецот со Арсенал ги освои ФА Купот и Комјунити Шилдот, со Барселона стигна до титулата во Ла Лига, Купот на Шпанија и две титули во Суперкупот, како и една во УЕФА Суперкупот. Со Челси освои две титули во Премиерлигата и еден трофејот во Лига Европа, а беше дел и од шпанската репрезентација со која два пати ја освојуваше Европа и еднаш Светот.

Се вчитува...