Ленгстон Хол си замина од редовите на Цибона на само неколку дена пред дуелот со МЗТ Скопје, откако управата на хрватскиот тим реши да ја прекине соработката со американскиот плејмејкер.
Тој беше најавуван како големо засилување за „цибоси“, но откако не ги оправда очекувањата за неполни три месеци му беше покажана излезната врата од овој клуб. Хол без поголеми проблеми си најде нов ангажман и потпиша за грчкиот Промитеус, а челниците на Цибона најавија дека наскоро ќе биде доведен нов плејмејкер во тимот.
Останува да се види дали тој ќе биде ангажиран во следните неколку дена, за да може да биде регистриран навреме за да настапи против МЗТ в понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА