Црвена звезда врза шест победи во низа во АБА – лигата со денешниот триумф над Цибона со резултат од 93-87 во гостувањето во Загреб. „Црвено-белите“ беа надмоќни над екипата која ја води екс-тренерот на МЗТ, Анте Назор.
Уште од самиот почеток на средбата Цибона мораше да брка негатива пред своја публика, Звезда фуриозно го отвори мечот па веќе по 10 минути имаа сигурна предност од +17. Хрваскиот претставник пружи повеќе отпор во втората и третата четвртина, но никако да го намалат водството на актуелниот шампион на јадранското натпреварување. На полувреме резултатот беше 57-42 во корист на тимот од Белград, а до самата завршница Цибона успеа само да го направи поразот помалку болен.
Фелдин и Рочести беа најефикасните кошаркари за Црвена звезда со 23, односно 19 поени, додека кај Цибона најмногу се истакнаа Зориќ и Новачиќ со 20, односно 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА