Екипата на Цибона по стартниот пораз во АБА-лигата од Мега Бемакс почна да се засилува, доведувајќи го во своите редови хрватскиот репрезентативец Марко Томас. Искусниот кошаркар минатата сезона го носеше дресот на шампионот Цедевита, но си замина од оваа екипа во текот на летото.
Откако не најде ангажман во странство Томас ја прифати понудата на Цибона, враќајќи се во овој клуб по пауза од седум години. Тогаш хрватскиот кошаркар настапуваше за „волците“ во Евролигата и во просек постигнуваше по 16,4 поени по натпревар, што му е најдобар ефект во кариерата.
По Томас, Цибона во следните 24 часа би требало да го комплетира и трансферот на литванскиот центар Мартинас Андријушкевичиус, кој минатата сезона настапуваше за словенечкиот прволигаш Хелиос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА