Хрватскиот кошаркарки клуб Цибона и ова лето е топ тема кога станува збор за регионалната кошарка, но само бидејќи и ова лето славниот клуб од Загреб се соочува со големи финансиски проблеми поради кои може да остане и без место во АБА лигата.
А, пак ова се добри вести за навивачите на МЗТ Скопје бидејќи токму македонскиот тим е оној кој треба да го замени хрватскиот судејќи по информациите на хрватските новинари.
Како што пренесува Томислав Хорват, доколку Цибона не успее да најде стабилен финансиски извор на следното заседание на АБА лигата ќе се одлучива за нејзиниот АБА-лигашки статус.
UPITAN NASTUP CIBONE U ABA LIGI?!
Na idućoj sjednici ABA lige razmatrat će se situacija u vezi Cibone. Postoji realna opcija da Cibona zbog velikih financijskih problema iduće sezone neće nastupati u regionalnoj ligi. U slučaju takvog scenarija Cibonu će zamijeniti MZT Skopje. pic.twitter.com/5ZKc9fdUaN
— Tomislav Horvat (@TomislavHorva20) July 21, 2024
МЗТ Скопје во меѓувреме го започна екипирањето на составот кој и во новата сезона ќе биде предводен од браќата Стојановски. Покрај капитенот Дамјан и Војдан дел од тимот ќе бидат и Бојан Крстевски, Марко Миловановиќ, Андреј Андоновски, Марин Петков, Марко Баковиќ како и новите засилувања Слај Брендон и Милош Копривица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА