Доминика Цибулкова по елиминацијата од хрватската тенисерка Ана Коњух, во осминафиналето на Вимблдон, ги спакува куферите и се пресели во потопли краеви. Словачката тенисерка за која фановите велат дека има најатрактивно „гранслем тело“, одморот го поминува на грчкиот остров Миконос.
„Ова е моето омилено место за одмор пред новиот период со напорна работа“ – напиша 28-годишната Цибулкова на една од атрактивните фотографии на кои ги покажува своите атрибути.
Доминика Цибулкова е 11.тенисерка на светската ВТА листа, играше финале на Австралија опен, полуфинале на Ролан Гарос и четвртфиналиња на Вимблдон и на УС Опен.
Можеби нема најдобар „форхенд“ ни „бекенд“ во белиот спорт, но според нејзините фанови, има што да покаже на атрактивните фотографии во бикини издание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА