ЦИЕС: Белингем е фудбалер со најголема вредност во светот

Меѓународниот центар за спортски студии од Нојшатл (ЦИЕС) денеска ја објави најновата листа на фудбалери рангирани според нивната вредност.

На врвот на најновото рангирање се наоѓа Џуд Белингем, чија вредност според ЦИЕС по неверојатната дебитантска сезона во Реал Мадрид скокна на огромни 280,4 милиони евра. Првите пет места се резервирани за фудбалери на Реал Мадрид и на Манчестер Сити, па така зад Белингем се наоѓа Ерлинг Халанд со вредност од 255,3 милиони евра, зад кого следат Винисиус, Родриго и Фил Фоден.

Меѓу десетте фудбалери со најголема вредност на пазарот според ЦИЕС има место и за младиот Јамал од Барселона на осмото, како и за асот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц на десеттото место во ова рангирање.

Се вчитува...