Хрватската ракометна репрезентација славеше победа од 29-25 против Словенија во натпреварот од 3. коло од Група 2 од главната фаза на Европското првенство во Малме. Со победата над Словенија, Хрватска е на чекор до полуфиналето, а последниот натпревар во оваа фаза ќе го игра веќе денес во 18 часот против Унгарија.
Хрватска е во добра ситуација пред тој натпревар. Победа би обезбедила пласман во полуфиналето и прво место во групата. „Коцкестите“ и со нерешено со Унгарците може до полуфинале, само ако Исланд ја победи Словенија во 15:30 часот, а Шведска ја победи Швајцарија во 20:30 часот. Хрватска има добри шанси дури и ако изгуби од Унгарија. Тоа би се случило само во два случаи. Првиот е ако Исланд ја победи Словенија, а Шведска победи или одигра нерешено со Швајцарија. Друг случај е Исланд и Шведска да ремизираат во своите натпревари.
Но, еден од најдобрите ракометари на Хрватска, Лука Циндриќ, пред последното коло во групите жестоко го критикува пренатрупаниот распоред на турнирот.
„Би сакал да се осврнам на фактот дека играме за помалку од 24 часа два клучни натпревари. Мислам, лицето кое го смислило ова сигурно никогаш не спортувало. Ќе дадам еден пример. Толку многу се откажуваме. Целата подготовка, тука по шестиот и седмиот натпревар, играме натпревар од кој зависи полуфиналето. А потоа доаѓаат два клучни дуели по помалку од 24 часа. Тешко е, многу тешко и интензивно“, вели Циндриќ и дополнува:
„Сè боли. Сите нас, не само мене. Телото не може да издржи се. Истегнување на листот, рамото, грбот. Катастрофа. Не успевате ниту да се опоравите за два-три дена, а камоли за еден како што е сега. Не знам, не сакам да звучи како да се правдам. Како што е за нас, така е и за другите, но и играчите треба да се прашуваат нешто кога се организираат вакви настани. Дефинитивно би сакал да го промениме тоа во иднина затоа што она што го прават е лудост. Ова е катастрофа и дефинитивно не е здраво за никого. Морав да го кажам тоа затоа што сум толку лут поради тоа. Не можам да верувам дека го прават ова на едно толку големо натпреварување.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

