Бекот на Вардар, Иван Чупиќ е прогласен за најкорисен играч во завршницата од Купот на Македонија во која Вардар славеше по 12.пат во својата историја. Во финалето „црвено-црните“ го победија Еурофарм Работник со 26-31.
Освен сребрените медали во првото Куп финале, кај Еурофарм Работник завршија и два пехари за индивидуални признанија. Градимир Чаневски кој во финалето имаше 11 одбрани и два погодоци го доби признанието за најдобар голман, а Филип Чурлевски е прв стрелец во завршницата на Купот со вкупно 12 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА