Ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ, е избран за најдобра ракометар во Хрватска за 2017 година во изборот на Хрватскиот ракометен сојуз и спортскиот весник „Спортске Новости“.
Во изборот на најдобрите пет ракометари на Хрватска, дури тројца беа од Вардар. Лука Циндриќ победи со 72 гласа пред Иван Чупиќ кој доби 45 гласа и Игор Карачиќ како третопласиран со 21 бод.
Лука Циндриќ и Арпад Штербик се и меѓу номинираните во изборот за најдобар ракометар во Европа за 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА