Лука Циндриќ се одлучи да одговори на прозивките на поранешниот долгогодишен физиотерапевт во хрватската репрезентација, Дамир Кајба кој се стави на страната на Лино Червар во караницата меѓу двајцата.
Кајба нагласи дека Циндриќ со години го „рекетирал“ националниот тим на својата земја.
„За мене не е јасно како тој дечко може буквално цели три години да го рекетира сојузот и репрезентацијата, а сите ние чекаме конечно тој нешто и да одигра во националниот дрес“ – истакна претходно Кајба.
Циндриќ на сето тоа со одговор…
„И без една нога ќе играм за Хрватска, и сите кои ме познаваат знаат дека е така. А тие некои лаги нема ни да ги коментирам затоа што нема да се спуштам на ниво на Кајба. Секој од нас гордо го носи хрватскиот дрес, за семејството, за себе, за татковината“ – вели Циндриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

