Циндриќ: Сонував да играм фудбал за Барса, би сакал еден тренинг со Меси…

Лука Циндриќ не ја крие гордоста што ќе го облече дресот на Барселона и на тој начин ќе си го исполни сонот од детството, макар што тогаш негова желба било да игра фудбал на „Камп ноу“.

„Како дете тренирав и знам дека мој сон во тоа време беше еден ден да заиграм за Барселона. Тоа беше мојот омилен клуб, мојот сон беше да играм на „Камп Ноу“. Сега доаѓам во Барса, секако дека сум горд. Ако има можност би било супер да одржам еден тренинг со фудбалерите предводени од Меси. Мислам дека нема да изгледам лошо крај нив“ – изјави поранешниот ас на Вардар.

Барселона плати над еден милион евра за да го доведе Хрватот од Кјелце, а желбата е јасна – враќање на тронот на европскиот ракомет.

„Мислев дека е невозможно да дојдам овде, а откако разговаравме првпат не престанав да размислувам за овој трансфер. Јасно е дека амбициите на Барса се најголеми, знам и дека очекувањата се големи, но подготвен сум да ја преземам одговорноста“ – истакна Циндриќ.

 

Се вчитува...