Хрватите бурно реагираат на судиската неправда на синоќешниот дуел со Данска, на кој светските шампиони имаа значителна помош од арбитрите од Шпанија.
Данците се вратија од негатива и на крајот стигнаа до бод, а за Хрватска пропуштената шанса за победа значеше и губење на шансите за место во четвртфиналето.
„Немам навика да го коментирам судењето, но мислам дека е срамота на еден меч да се дадат десет топки на едната репрезентација, а ниту една на другата. Тоа беше катастрофа, ама не е прашање за нас, туку за тие кои треба да го следат и оценуваат судењето. Што се однесува до самата игра, мислам дека бевме одлични, дадовме се од себе. Можевме и да победиме, но за жал стигнавме само до реми. Во секој случај, мораме да бидеме горди на играта против силен ривал како што е Данска, тоа е нешто што треба да ни послужи како уште поголема мотивација за наредните натпревари на овој шампионат“, изјави Лука Циндриќ.
Во продолжение, еден од бројните моменти на кој Хрватите оправдано реагираа…
Steps or clean? 🥴 🙄#POLSWE2023 pic.twitter.com/zpQ6VESgMy
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 19, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА