„Циндриќ три години ја рекетари репрезентацијата, а сега плука против најуспешниот хрватски селектор во историјата“

Во вербалното убедување меѓу Лино Черва и Лука Циндриќ се вклучи и, сега веќе поранешниот, физиотерапевт на хрватската ракометна репрезентација Дамир Кајба кој по доаѓањето на новиот селектор, по цели 17 години, доби отказ од Хрвоје Хорват.

Кајба околу сето тоа се одлучи да проговори и преку видео-материјал на Инстаграм на кој информираше дека Хорват на „перфиден и безобразен начин“ го тргнал од репрезентацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damir Kajba (@damirkajba)

Кајба во видеото наведува дека ќе покаже кој не заслужува да го носи дресот на хрватската репрезентација, а потоа во интервју за „нет.хр“ дополнително објасни на кого мислел.

„Кога кажувам дека некој не заслужува да го носи хрватскиот дрес, мислам на Лука Циндриќ. Тоа на сите од ракометните кругови им е јасно. Мене воопшто не ми е нормално тој дечко три години да го рекетира Хрватскиот ракометен сојуз и репрезентацијата, ние постојано да чекаме тој нешто конечно да одигра, или да чекаме дали сака да игра. И на крај да си дозволи да го плука најдобриот тренер во историјата на хрватскиот ракомет. Ми пречи тоа што никој од сојузот не го спречи во тоа, и што не реагираше што се плука против Червар“ – вели Кајба.

Се вчитува...