Лудило без граници: Сега навивачите на Челси го бараат Тухел назад

Синоќа Челси загуби од Фулам на „Кревин Котиџ“, и така ја продлабочи кризата. Лондонските „сини“ на последните девет премиерлигашки мечеви, имаат само еден триумф, со што се најдоа на 10. позиција на табелата во Премиерлигата.

Челси оваа сезона игра очајно, и покрај тренерската смена кога Грем Потер го наследи Томас Тухел. Тухел во минатото успеа да го однесе тимот до трофеј во Лигата на шампионите, но историјата не помогна да „преживее“ на клупата. Челси многу „лута“ и со засилувањата, потроши најмногу пари, меѓутоа засега тоа не помага.

Дека нешто не е во ред во Челси, доволно кажува и потегот на навивачите на „сините“ синоќа на гостувањето кај Фулам. Во еден момент фановите го скандираа името на Томас Тухел, алудирајќи на раководството да го врати Германецот на клупата. Но, со оглед дека разделбата не беше нималку „пријателска“, тешко дека Тухел повторно ќе прифати да се врати во Лондон.

Се вчитува...