Победата над Романија требаше да ја крене атмосферата во белгискиот табор, но наместо тоа се создаде нов конфликт, по јавните критики што таткото на Леaндro Тросар ги упати кон селекторот Доменико Тедеско.
Тросар беше стартер во првото коло со Словачка, но последниот меч со Романија го почна од клупата за резерви, што беше повод за таткото на Леaндро, Петер Тросар жестоко да го нападне селекторот.
„Сите го критикуваат Леандро дека играл слабо, но цело време го вртат по различни позиции. Тешко е да играш на високо ниво кога цело време ти се менува улогата на теренот, ми пречи што вината се бара на погрешно место. За мене нема дилема, Тедеско не е добар селектор за Белгија, иако не е толку тврдоглав како Роберто Мартинез“, изјави „Тросар Сениор“.
Леандро Тросар има 36 настапи за белгиската репрезентација, од кои дури 12 откако Тедеско седна на клупата на националниот тим во февруари 2023 година. На потег е селекторот, кој ќе треба да реши дали фудбалерот на Арсенал ќе биде стартер на клучниот меч со Украина или ќе биде казнет за коментарите на својот татко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА