Циркус: Играчи на Удинезе се караа за пенал – водеше инает и даде гол, тренерот веднаш го извади од игра

Удинезе славеше со минимални 0-1 на гостувањето против Лече, но токму победничкиот гол за „фриулијаните“ се најде во центарот на вниманието, и тоа за сосема неочекуван повод.

Имено, при досудениот пенал на гостите дојде до конфликт меѓу Тован, кој е предвидено да ги изведува ваквите удари за Удинезе, и напаѓачот Лоренцо Лука.

Тован протестираше, но Лука реши да не слуша никого, ја зеде топката и даде гол. Само што, кога тргна да слави ниту еден од соиграчите не му пријде да му честита, а тренерот веднаш реагираше, вадејќи го Лука од игра веќе во 36. минута.

Погледнете ја оваа неверојатна случка на стадионот во Лече.

Се вчитува...