Неверојатен пресврт на клупата на Салернитана. Тимот пред само два дена го смени Давиде Никола, откако екипата беше катастрофално поразена на гостувањето кај Аталанта со 7-2. Но, откако клубот не можеше да најде соодветна замена, се реши да го врати Никола.
Италијанските новинари се пошегуваа и пишуваа дека Никола е најсериозен кандидат да се замени самиот себе, тренерот на социјалните мрежи ја потврди веста дека се враќа на клупата.
Тој наводно го повикал претседателот на клубот да ја преиспита одлуката.
„Ме повика претседателот Данило Лерволино и ми ја објасни својакта одлука зошто ме смени поради поразот за кој само јас сум одговорен, и сум единствениот виновник. Го замолив да ја преиспита одлуката, иако знаев дека не му е леснот затоа што верувам во клубот и во проектот. Сакам да му се оддолжам за големата доверба која ја има во мене и заедно да тргнеме напред. Пред нас е напорна работа да ги оствариме целите и верувам дека ќе успееме“, напиша Никола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА