Тотенхем има предност од 2-1 по првото полувреме од лондонското дерби против Челси, 45 минути во кои во центарот на вниманието се најде Марк Кукурелја. Левиот бек на Челси беше вистински трагичар на својот тим откако во првите десет минути Челси прими два гола откако тој се лизна на теренот.
Првиот пат тој доби топка од Колвил и се лизна на 40 метри од својот гол, Џонсон успеа да го проигра Соланке, кој го матираше голманот Санчез.
Вториот пат шпанскиот дефанзивец падна на работ од шеснаесетникот, а Тотенхем го искористи подарокот преку Кулушевски, кој зголеми на 2-0.
Кукурелја по вториот голем „кикс“ реши да ги смени копачките, по што престана лизгањето, па останува прашањето дали искусниот дефанзивец можеше и порано да се реши на ваков чекор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

