Македонија славеше над Бугарија со 60-55 како дел од Развојниот турнир на ФИБА за кошаркари до 14 години, но овој меч се најде во фокусот на јавноста не поради случувањата на теренот туку поради крајно неспортскиот однос на бугарскиот селектор во текот на целиот натпревар.
Бугарија имаше водство од 34-27 на полувреме, но по одличното издание на Македонија и серијата од 10-0 бугарскиот кормилар почна скандалозно да се однесува, да лудува крај аут-линијата, па дури и да ја повлече својата екипа во соблекувалната.
По дваесетминутниот прекин, Бугарите конечно се вратија на терен, за момент успеаја и да стигнат до израмнување од 55-55, но Македонија беше подобра во самата завршница и славеше со конечни 60-55.
Стефан Илиев реализираше 20.поени, а капитенот Гиновски уште 19 за нашата селекција на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА