Циркус на „Олд Трафорд“ – доби црвен картон зошто се тепаше со соиграч (ВИДЕО)

Невидена ситуација го отслика почетокот на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон во 12. коло од Премиерлигата откако фудбалерот на гостите Идриса Гаје доби директен црвен картон откако влезе во конфликт со соиграч.

Во 12. минута Гаје ја загуби топката во недоразбирање со Мајкл Кин, а првиот прекин го искористи за кавга во која го удри соиграчот. За овој потег му беше покажан патот кон соблекувалната.

Инцидентот може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...