Циркус од Пеп Гвардиола: Срамни провокации кон „Енфилд“ откако ВАР му поништи гол (ВИДЕО)

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не можеше да ги контролира сопствените емоции на дерби-пресметката од Премиерлигата со Ливерпул, откако на неговиот тим по реакција од ВАР-собата сосема оправдано му беше поништен гол поради прекршок од страна на Халанд.

Манчестер сити во 53. минута преку Фоден постигна гол, но потоа по прегледување на ВАР оправдано беше поништен поради претходен прекршок во истата акција од страна на Халанд врз Фабињо.

Откако главниот судија го поништи голот, Гвардиола не можеше да се смири. Најпрво реагираше кон судиите, а потоа упати и срамни провокации кон навивачите на „Енфилд“ кои пак прославуваа по одлуката на судијата… Трчајќи покрај аут-линијата, Гвардиола со гестикулации кон навивачите го искажа својот револт.

Се вчитува...