Се е подготвено за новото српско дерби закажано за претстојниот викенд, особено интересно бидејќи Црвена Звезда и Партизан се исклучително блиску на табелата во трката за титулата.
Одлуката на федерацијата за делегирање на Павле Илиќ за главен судија на неделното дерби предизвика бурна реакцијa oд раководството на Партизан. „Црно-белите“ се пожалија на низа спорни одлуки на овој арбитар, сите на штета на Партизан, јавно барајќи тој да биде сменет од одговорната функција за најважниот меч во сезоната.
Експресно стигна и реакција од Црвена Звезда, со која жестоко се нападна вечниот ривал…
„Партизан издаде соопшение, евтино, почетнички, очекувано. Плачењето стана нивни заштитен знак, без разлика која управа ги води. Сите други се виновни за осумте титули во низа на Црвена Звезда, само луѓето кои го водат Партизан не се виновни за ништо. Денешното соопштение е само повторување на веќе виденото… Партизан секогаш е жртва, старата добро позната матрица. Без оглед на се, еве ние гласно бараме да се поништи одлуката за избор на судија, да се избере нов. Еве Партизан нека избере кој сака да го суди дербито, Црвена Звезда ќе го прифати нивниот предлог. Прифаќаме дури и тоа да е Срѓан Јовановиќ, кој речиси е и вработен во ФК Партизан. Црвена Звезда е подобра, поквалитетна и сеедно ни е кој ќе суди, знаеме дека ќе победиме“, порачаа од редовите на актуелниот српски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

