Циркус: Селекторот Штимац барал совети од астролог за да го избере составот на Индија

Игор Штимац почна успешна авантура како селектор на Индија, тој четири години е на чело на оваа селекција, со која годинава стигна и до титулата на првенството на Јужна Азија.

Голем дел од јавноста ја поддржува работата на екс-селекторот на Хрватска, но медиумите не се премногу импресионирани од овој странски стратег. Во тој правец, беше објавена и информацијата дека Штимац побарал совет од астролог со име Бухупеша Шарма, кој му  помагал на селекторот при изборот на првотимците за секој натпревар.

Објавено е дека Фудбалската Федерација му исплатила дури 30.000 долари на Шарма, кој за половина од 2022 година разменил повеќе од 100 поради со селекторот Штимац.

„Игор Штимац не само што го нарушил интегритетот на избор на играчи за репрезентацијата, туку и споделувал значајни информации со лице од странска држава, на тој начин ризикувајќи противникот да дознае тајни од соблекувалната. Во тој период Индија одигра четири натпревари, а пред секој од овие мечеви Штимац имал интензивна комуникација со астрологот“, пишува „Indian Express“.

Се вчитува...