Циркус: ЦР на РМ за 15 часа потврди двајца претседатели на ПФМ… Маленко се заканува со тужба во Лозана!

Очигледно и натаму си продолжува циркусот во македонското пливање активиран на почетокот од оваа година… И по шест месеци, вистински пародии, кои кулминираа деновиве со двојни промени во само неколку часа на раководството на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).

Најпрво на 5. јуни, Централниот регистар на РМ издаде решение со кое се потврдува Александар Маленко како нов претседател на ПФМ… Но, по само 15 часа, истото решение очигледно деактивирано и како нов претседател на ПФМ потврден Дарко Нашков кој веќе во таа улога беше и на Државното првенство во пливање кое се одржа во Штип.

„Наша цел ќе биде вистински развој на пливањето во Македонија, но и унапредување на работата на Пливачката федерација, сите нејзини тела и органи. Стратешка цел ќе ни биде изградба на затворени базени низ Македонија, со што дополнително ќе се поддржат најмладите пливачки категории“ – истакна Нашков по добивањето на решението како нов претседател на ПФМ.

Потврдата од ЦР на РМ од 5. јуни – Александар Маленко претседател на ПФМ

Но, Александар Маленко истакнувајќи го своето решение од Централниот регистар на РМ добиено на 5. јуни како претседател на ПФМ, најавува тужба пред домашните судски органи за сите инволвирани во, според него, незаконската промена на овластено лице и се заканува со судска битка и пред Меѓународниот спортски суд во Лозана…

„И тоа како ќе одговарате пред Меѓународниот спортски суд во Лозана. Сите државни функционери инволвирани во кршење на државните закони по предмет ‘Пливачка федерација на Македонија – Централен Регистар’, и промена на овластено лице во 15 часа без никаква валидна документација и печат!!!“ – вели Александар Маленко.

Се вчитува...