Циркус во Атина: Барцокас ќе се тепаше со навивач… (ВИДЕО)

Олимпијакос иако е убедливо најдобар тим сезонава во Евролигата, сепак влезе во лоша серија во финишот од регуларниот дел, поради која би можел и да ја загуби водечката позиција.

Тимот од Пиреја има секако обезбедено плеј-оф и ќе ја има предноста на домашен терен во четвртфиналето, но навивачите „збеснаа“ по низата од три порази заокружена синоќа и со дуелот со Монако.

Дел од навивачите на крајот го исвиркуваа тренерот Јоргос Барцокас, а еден упати и жестоки пцовки кон него додека тој заминуваше кон соблекувалната.

Барцокас губејќи ги нервите се врати во еден момент да се тепа со нервозниот навивач. Сепак, дел од обезбедувањето и негови блиски соработници спречија ескалација на инцидентот. Грчките медиуми објавија дека навивачот бил приведен од полицијата, а потоа пуштен на слобода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SDNA.gr (@sdnagr)

Се вчитува...