Циркус во Лацио: Клубот плати 13 милиони за Србинот, тренерот не знае ништо за него

Лацио одамна не е на она врвно ниво од времето кога овој  тим се бореше за трофеи во Италија, а тренерот Сари мака мачи да оствари добар резултат со фудбалерите што ги има на располагање.

„Лацијалите“ имаа забрана за трансфери минатото лето, а сега во јануари мораа да продадат дел од своите најдобри фудбалери. Кастелјанос беше продаден во Вест Хем, на негово место пристигна Србинот Петар Ратков од Салцбург, кој очигледно не е играч по желбите на тренерот Сари.

Имено, екс-стратегот на Наполи и Јувентус по синоќешното реми со Фиорентина обелодени дека воопшто не е запознаен со квалитетите на новото засилување.

„Не го познавам Ратков, не знам речиси ништо за него, така што не знам што би ви кажал. Луѓето од клубот го знаат подобро од мене, тие го донесоа“, изјави Сари.

Се вчитува...