Неочекувано тензично е во таборот на Милвоки, а ситуацијата кулминираше на последниот меч со Минесота, на кој во конфликт со фановите влезе најдобриот кошаркар на бакси, Јанис Адетокумбо.
Грчкиот ас беше исфрустриран од свирежите од трибините, па по еден кош и прекршок над него, седејќи на земја почна самиот да вика кон фановите.
„Играм кошарка за своите соиграчи, за себе и за семејството. Јас „цветам“ кога луѓето не ми веруваат, всушност, гледам да не бидам со такви луѓе, туку да бидам против нив. Моите реакции нема да го сменат начинот на кој играм, без разлика дали е тоа на домашните средби или на гостувањата. Не е фер, секој има право на свое мислење, јас немам право да им кажам како да се однесуваат, но исто така и мислам дека никој не смее ни мене да ми кажува како треба да се однесувам по 13 години минати овде“, изјави Адетокумбо по мечот што неговиот тим го загуби со убедливи 106-139.
Според американската јавност, ова е само потврда дека „грчкиот ѕвер“ е многу блиску до заминување од Милвоки, во „трејд“ што ќе се случи во следните триесетина дена.
Giannis booed his OWN fans 👀
Yeah he’s gone 😭 pic.twitter.com/JH6YFY7d2o
— BrickCenter (@BrickCenter_) January 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

