Циркусот околу иднината на Кристијано Роналдо во португалската репрезентација продолжува откако федерацијата објави дека суперѕвездата ее вклучена во поширокиот список за ноемвриските средби од Лигата на нации.
Списоците вообичаено се работа на селекторите, но овојпат од куќата на фудбалот на Португалија излезе информацијата дека Кристијано се наоѓа на листата играчи за следните натпревари против Данска на домашен терен и гостувањето во Велс.
Воедно, наведено е дека Жорге Жезус на 6 ноември ќе го објави скратениот список на фудбалери, но самото обелоденување на информацијата е јасен знак на притисок врз искусниот стратег да му прости на Кристијано за огромниот непрофесионализам и експресно да го врати назад во репрезентацијата.
Роналдо го напушти репрезентативниот камп при гостувањето во Копенхаген поради директен конфликт со селекторот, потоа преку соопштение до јавноста директно го нападна Жезус, па интересно ќе биде да се види дали португалскиот селектор ќе подлегне под притисоците или ќе остане доследен на своите ставови и ќе продолжи без Роналдо, свесен дека доколку го повика Кристијано во тимот, тој ќе мора и да биде стартер на преостанатите две средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
