Циркус во Премиер-лигата: Се повреди помошниот судија, па викаа друг да дојде од дома за дербито

Првиот меч од новата година во Премиер-лигата, дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити го одбележа интересна случка откако помошниот судија Константин Хацидакис се повреди пред самиот почеток на мечот.

Стартот на мечот доцнеше неколку минути, улогата на помошник му беше доделена на четвртиот судија Кевин Френд, а за „циркусот“ да биде комплетен, Френд на полувреме ќе се врати на улогата на четврти арбитар на овој меч.

Имено, веднаш по повредата на Хацидакис бил повикан лондонскиот судија Нил Дејвис, кој пристигнал на стадионот „Емирати“ по триесетина минути игра на натпреварот. Како што јавуваат британските медиуми, Дејвис ќе го преземе офсајд-знаменцето од Френд, кој второто полувреме повторно ќе го следи меѓу клупите на двата тима.

Се вчитува...