Циркус во Романија: Трипати изведуваа пенал – трипати промашија (видео)

Натпреварот од разигрувањето за влез во првата романска лига меѓу Петролул и Рапид се најде во центарот на вниманието поради судиската лакрдија која сепак не им помогна на домаќините да стигнат до победата.

Рапид доби црвен картон во средината од првото полувреме, но судиското шоу почна во 65. минута, кога беше досуден пенал за Петролул. Голманот Попа го одбрани ударот од белата точка, но судијата процени дека тој предвреме излегол од гол-линијата и ударот мораше да биде повторен. Петролул го смени изведувачот, но Попа повторно одбрани – а судијата повторно го врати пеналот за „трета среќа за домаќините“.

Згора на тоа, гостинскиот голман беше исклучен поради протестите кон судијата, на негово место на голот застана Татару, но домашниот состав не го реализираше ниту третиот удар од единаесет метри, овојпат шутирајќи над гредата.

Рапид остана со само девет фудбалери, но успеа да се одбрани до самиот крај, па мечот заврши со резултат 0-0. Погледнете ја неверојатната ситуација од овој дуел…

Се вчитува...