Шпанската Фудбалска Федерација направи пародија од тужбата на Атлетико Мадрид против Барселона откако го казни каталонскиот гигант со само 300 евра за нелегални преговори со Антоан Гризман. Мадридскиот клуб поднесе и докази за преговорите на големиот ривал со тогашниот голгетер на Атлетико, но Барса мина самоо со смешна парична казна.
А за циркусот да биде уште поголем, каталонскиот гигант сега подготвува жалба на ваквата одлука.
„Челниците на Барселона сметаат дека не ги прекршиле правилата и затоа немаат намера да ја платат казната. Наместо тоа, ќе поднесат жалба, бидејќи не станува збор за висината на сума, туку за принцип“ – информира новинарот Марсело Бекер повикувајќи се на извори блиски до претседателот Бартомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА