Во српскиот фудбал ништо не може да мине без препукување меѓу Црвена Звезда и Партизан, па така не е преголемо изненадување што шампионот преку соопштение објави дека нема намера да го игра вечното дерби закажано за среда против „црно-белите“. Причина – одлуката на Фудбалската Федерација на Србија, за главен удија на 171. вечно дерби да го избере Срѓан Јовановиќ.
Соопштението на „црвено-белите“ следи само неколку часа откако беше обелоденето дека Јовановиќ ќе биде главен арбитар на дуелот, а од Црвена Звезда јасно ставија до знаење дека очекуваат тоа да се промени.
„Со оглед на фактот дека судијата Срѓан Јовановиќ е докажан навивач на Партизан, згора на тоа ако се земат во предвид и неговите грешки со последните одлуки со кои директно беше оштетена Црвена Звезда, што е симптоматично за судија со такво реноме, сметаме дека е неприфатливо тој да суди на било кој натпревар на ФК Црвена Звезда, а особено на наредното дерби. Се надеваме дека ќе ги имате овие факти во предвид и ќе го прифатите нашето барање за смена на судијата“, се вели во дел од соопштението на Црвена Звезда.
Јовановиќ досега судел три дерби дуели меѓу ЦРвена Звезда и Партизан, двата тимаат по една идентична победа од 2-0, а еден дуел завршил 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА