Циркус во Турција: Со мобилен докажуваше судиска грешка, па доби црвен картон

Неверојатни сцени се случуваа за време на мечот од турското првенство меѓу Бешикташ и Сиваспор, на кој гостинскиот капитен Хакан Арслан доби црвен картон, за покажување на спорна ситуација на мобилен телефон на главниот судија.

Гостите беа бесни бидејќи Бешикташ го постигна водечкиот погодок од нерегуларна ситуација, топката ја мина аут-линијата, но тоа не го забележа ниту помошниот судија, ниту пак ВАР-арбитрите. Капитенот Арслан на крајот од полувремето се обиде на мобилен телефон да му ја покаже снимката на главниот арбитар, но за „награда“ доби црвен картон.

Бешикташ знаеше како да ја искористи предноста од играч повеќе, постигна уште два погодоци и на крајот стигна до убедлива победа од 3-0.

Се вчитува...