Повеќе од драматичен финиш на натпреварот меѓу Селта Виго и Барселона во 25. коло од Ла Лига. Барселона дојде до победата од 1-2 со голот од пенал на Левандовски во 96. минута, но на сето тоа му претходеше крајно сомнителна ситуација.
Имено, најпрво Левандовски го промаши ударот од белата точка. Но, на изненадување на сите актери на теренот, главниот судија одлучи пеналот да се прешутира поради недозволено движење на линијата од страна на голманот на домашните…
🚨🚨| LEWANDOWSKI MISSES THE PENALTY!!!
— CentreGoals. (@centregoals) February 17, 2024
Повторениот пенал Левандовски го изведе речиси идентично, но овој пат постигна гол за победа на каталонскиот тим.
🚨🚨| GOAL: THE PENALTY WAS RE TAKEN AND LEWANDOWSKI SCORES!!!
— CentreGoals. (@centregoals) February 17, 2024
Претходно, Барса поведе со голот на Левандовски во 45. минута, а Аспас израмни за домашните во 47. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

