Циркусот е комплетен: Италијански анонимус е носител број 1 на Австралија опен на местото на Ѓоковиќ

Австралија Опен остана без деветкратниот освојувач Новак Ѓоковиќ, а циркусот е комплетиран откако за прв носител на турнирот беше именуван Стефано Карузо.

Станува збор за 29-годишен тениски анонимус, кој моментно се наоѓа на 150. место на АТП-листата. Карузо испадна во квалификациите во Мелбурн, но денеска ја доби вајлд-картата за учество како „лаки лузер“, и тоа како директна замена на Ѓоковиќ како прв носител на Австралија опен. Тој во првото коло ќе се сретне со Миомар Кецмановиќ од Србија, кој требаше да му биде прв ривал на Новак во Мелбурн.

Организаторите направија промена во распоредот, па дуелот меѓу Карузо и Кецмановиќ е тргнат од „топ терминот“ на главниот терен, препуштајќи му го местото на Александер Зверев и неговиот дуел со Даниел Алтмаер.

Се вчитува...