Насер ал Келаифи продолжува да има кошмари од Килијан Мбапе дури и откако францускиот голгетер си замина од ПСЖ. Мбапе го изигра Ал Келаифи и летово како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид, а згора на тоа големиот ас реши да покрене и судска тужба против својот довчерашен тим.
Како што јавува тиражниот весник „Л’Екип“, тужбата се однесува на парите што ПСЖ му ги должи на голгетерот, и тоа огромни 100 милиони евра. Со богатиот договор што го потпиша пред две години Мбапе добиваше висока плата, но и огромен бонус за лојалност од 60 милиони евра за секоја завршена сезона во дресот на францускиот гигант. ПСЖ смета дека не може да постои лојалност кога фудбалерот на крајот си заминува како слободен играч и одбиваше да го исплати овој бонус, дел од медиумите тврдеа и дека Мбапе самиот му простил на клубот богатство само за разделбата да биде пријателска, но последните случувања јасно покажуваат дека тоа нема да биде случај.
Голгетерот е решен да не му прости ниту евро на својот довчерашен клуб, со што дополнително го навлекува бесот на највисокото раководство на ПСЖ. Насер ал Келаифи до пред неколку месеци тврдеше дека е убеден дека Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ, на крајот мораше да се помири со судбината, но сега се соочува со нов огромен проблем поврзан со неговиот долгогодишен миленик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА