Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ поднесе неотповиклива оставка од Партизан, потег кој ја разбранува кошаркарската јавност. Иако искусниот стручњак се прости од клубот и навивачите, сепак работите се променија.
Како што пренесува „Моцартспорт“, на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, едногласно била одбиена оставката на Жељко Обрадовиќ и му била дадена безрезервна поддршка да остане на чело на стручниот штаб.
Наместо на состанокот да се разговара за наследникот на искусниот српски стратег, сега челниците на црно-белиот тим ќе направат се за да го убедат да остане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

