„Циркуз Месталја“: Многу тензии, нервози, црвен картон за Вини и победа за Валенсија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Валенсија славеа на домашен терен против Реал Мадрид со 1-0 во натпревар од 35. коло во шпанската Ла лига.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 33. минута кога Диего Лопез ги постави конечните 1-0. Второто полувреме помина со многу искри на теренот, а го одбележа и прекинот откако Винициус Жуниор влезе во вербален дуел со публиката на „Местаља“. Целата нервоза ја плати со цех во 97. минута кога Бразилецот доби директен црвен картон, откако сите фудбалери влегоа во физичка пресметка.

Со овој триумф Валенсија побегна на плус пет од опасната зона и најверојатна успеа да обезбеди опстанок, нешто што во еден период од сезоната делуваше како тешка мисија.

 

Valencia [1] – 0 Real Madrid – Diego Lopez 34′
by u/GodOfGols in soccer

 

Се вчитува...