Циркуз во Партизан: Го вратија тренерот кого го избркаа, а тој ги тужеше

Фудбалскиот клуб Партизан, се одлучи за нова тренерска смена после поразот од Војводина од 3-0 вчера во српскиот шампион, со кој сега нивниот најголем ривал Црвена Звезда има 10 бодови предност на табелата.

Партизан е одлучи да го врати тренерот кој пред само три и пол месеци го избркаа од клубот, односно го сменија. Станува збор за Срѓан Благојевиќ кој ја почна сезоната, но потоа беше сменет. До вчера екипата ја водеше Дамир Чакар, а претходно на клупата беше и Ненад Стојаковиќ.

На денешниот состанок на Управниот одбор на Фудбалскиот клуб Партизан беше спроведена анализа на спортските резултати од почетокот на пролетната сезона на првенството. Резултатите се неприфатливи за клубот. Дополнително, беше оценето дека е потребно да се преземат активности за да се запре кризата на резултатите, а особено кризата на професионалната работа. Управниот одбор го назначи Срѓан Благојевиќ за нов шеф на стручниот штаб со мнозинство гласови (4-1)“, стои во соопштението на белградските „црно-бели“. 

Она што е најинтересно, е тоа што Благојевиќ тогаш го тужеше клубот и бараше да му се исплати договорот до крајот на сезоната. Можеби и ова е причината зошто е вратен повторно на клупата, односно да го вратат тренерот, а тој да ја повлече тужбата.

Се вчитува...