Циркузи на афирканскиот куп: Судијата два пати пред време свиреше крај (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Мали славеше со минимални 1-0 против Тунис во натпревар од 1. коло во групата Ф на Африканскиот куп на нации. Сепак, целиот меч беше во сенка на главниот судија кој дури два пати свиреше крај пред време.

Во самиот финишт од натпреварот се случија две нереални ситуации. Судијата од Замбија, Сиказве во 85. минута свиреше крај на натпреварот, па кога виде дека погреши истиот продолжи, за само четири минути подоцна повторно да ја направи истата грешка и втор пат да свири крај на натпреварот.

Следуваше жестока реакција од играчите и стручниот штаб на Тунис кои бараа да се продолжи натпреварот, но безуспешно. Четвртиот судија ја презеде работата во свои раце, но од екипата на Тунис не сакаа да продолжи мечот по што беше досуден негов крај и победа за Мали.

 

 

Се вчитува...