Олимпик Лион и Олимпик Марсеј и дефинитивно нема вечерва да го доиграат натпреварот од 14. коло во француската Лига 1. Дуелот кој почна во 21 часот траеше само четири минути, откако при едно изведување на корнер еден од домашните навивачи го удри со шише по глава Дмитри Паје.
Два часа траеја преговорите дали натпреварот да продолжи, но на крајот се донесе одлука тоа да не се случи. Прво имаше најава дека тој ќе продолжи, фудбалерите на Лион излегоа на теренот, но гостите од Марсеј не ни размислуваа за такво нешто велејќи дека не се психолошки подготвени.
Раководството на лигата утре ќе има состанок по што ќе се знае што ќе се случува понатаму.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА