Џошуа Циркзе имаше незаборавно свое деби во дресот на Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ триумфираа со 1-0 против Фулам на отворањето на сезоната во Премиерлигата, а Циркзе беше херојот со голот за три бода во 87. минута. На крајот од мечот не можеше да го сокрие воодушевувањето од триумфот.
„Да се победи во мојот прв меч на домашен терен и да се постигне гол, не можеше подобро. Ми кажаа дека славјето пред Стретфорд е едно од најдобрите можни чувства, и не погрешија. Благодарен сум што такво нешто почуствував уште на првиот натпревар. Неверојатно. На крајот победивме, тоа е она што го баравме. Не можам да опишам како се чувствувам. Сакам да постигнам многу сезонава со Манчестер јунајтед“ – изјави Циркзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА